петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Varumin – докажан антиканцер производ

Varumin – докажан антиканцер производ

Varumin е хербален традиционален лек кој содржи исклучиво растителни екстракти од повеќе билки. Тој има имуномодулаторно дејство што го прави погоден за третман на акутни и хронични заболувања кои се карактеризират со нарушен имунитет.

Овој производ пред сѐ е наменет за подобрување на општата состојба на организмот, како додаток на стандардната терапија при лекување малигни заболувања и за ублажување на несаканите ефекти од цитостатската терапија, без притоа да се попречи нејзиното дејство.

Varumin е потенцијално корисен за третман на други заболувања, како мултиплекс склероза, анемија, притоа без забележување несакани ефекти од неговото користење.

Ефикасноста на производот е потврдена со изработка на повеќе клинички студии. Може да се одвои клиничката студија на проф. д-р специјалист Собин Илиќ, познат експерт за онкологија и гинекологија, кој извршил испитување на 100 пациенти, од кои 50 заболени од карцином на белите дробови, 35 заболени од карцином на дигестивниот тракт и 15 од карцином на гениталиите. При ова клиничко испитување, д-р Илиќ дошол до заклучокот:

Врз основа на повеќегодишното искуство во ординирање на Варуминот, сметам дека овој лек покажува поволни субјективни и објективни ефекти (без неповолни додатни ефекти) и истиот може да се применува без каков било терапевтски ризик во лечењето разни онколошки и имунодевијантни заболувања“.

Придобивките од Varumin се потврдуваат со уште едно клиничко испитување, спроведено од страна на стручен тим составен од д-р Драган Петровски – спец. невропсихијатар, д-р Томе Х. Христовски – спец. невропсихијатар и д-р Калиопи К. Пили-Кузева – спец. невропсихијатар. Испитувањето е направено врз 10 пациенти со позитивна анамнеза на мултиплекс склероза, од кои 7 жени и 3 мажи. Терапијата со Varumin траела една година, по упатство издадено од Комисијата за регистрација на лекови при Министерството за здравство. Ефикасноста на производот се констатирала по вториот месец од испитувањето и се одржувала за време на целата терапија, при што стручниот тим дошол до следниот заклучок:

„Кај сите пациенти се забележува видно подобрување во однос на општата состојба и невролошките функции со што се намалуваат симптомите на мултиплекс склероза. Варумин има извонреден безбедносен профил“.

Интер-Еврогенекс е модерна фармацевтска и диететска компанија, која произведува хербални традиционални лекови и диететски производи во Република Македонија. Интер-Еврогенекс располага со најсовремена технологија и опрема која ги исполнува сите европски и меѓународни стандарди, како и со соодветно тренирани и стручни искусни професионалци. Интер-Еврогенекс во своите производи ги содржи најчистите природни материјали, чиј квалитет и својства се гаранција за одржување на човековото здравје.

 

За повеќе информации следете на:

Varumin

Inter-Evrogeneks Pharmaceutical Industry

http://www.interevrogeneks.com/

Најнови вести