сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемени водостоите на реките Пчиња и Кумановка

Зголемени водостоите на реките Пчиња и Кумановка

Врнежите од дожд во текот на вчерашниот ден двојно повеќе го зголемија водостојот на реката Пчиња кај Пелинце и реката Кумановка, покажуваат денеска податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според мерењата направени утрово на мерната станица во селото Пелинце, нивото на вода во реката Пчиња изнесувало 52 сантиметри. Претходно, според мерењата направени вчера, водостојот изнесувал 26 сантиметри.

По подолг временски период, Пчиња го надмина просекот за овој период од годинава, кој изнесува 47 сантиметри.

Покачување на водостојот бележи и реката Кумановка. Мерната станица во село Доброшане утринава покажала водостој од 43 сантиметри, што е за пет сантиметри повеќе од вчера.

Најнови вести