четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Водителката Јована Костадиновска ја открива тајната на нејзиниот префинет и деловен изглед: Македонската дизајнерка Христијана ги надмина моите очекувања!

Водителката Јована Костадиновска ја открива тајната на нејзиниот префинет и деловен изглед: Македонската дизајнерка Христијана ги надмина моите очекувања!

Јована Костадиновска е име и лик кое во светот на телевизиските екрани е веќе долги години, а последните две години е дел од утринската програма на МТВ – „Македонија наутро“.

Јована приватно е и реализирана како сопруга и мајка на две прекрасни дечиња.

За нејзината успешна и богата кариера сведочат бројните емисии кои таа ги води ведро, посветено, со голема креативност и позитива. Покрај нејзините водителски и медиумски способности, Јована секојдневно ја докажува способноста за стилско изразување и како треба да изгледа еден медиумски претставник, односно водител. Префинета, елегантна и вистинска магија за очите е несомнено дефиницијата за нејзината појава на малите екрани.

За ваквиот деловен и префинет изглед на Јована стои приказна која таа несебично ја сподели со нас.

Водителката за себе раскажува дека целосно се пронаоѓа во деловниот стил на облекување, а во потрагата по таква гардероба случајно налетува на македонската дизајнерка Христијана Голубовиќ која и ги исполнила очекувањата па дури и повеќе.

– Отсекогаш деловниот стил на облекување добивал повеќе внимание и посветеност од моја страна. Кога станав дел од утринската програма на МТВ – „Македонија наутро“ секако сакав да го задржам па и да го доформулирам тој изглед уште повеќе и поизразено. Јас сум личност која ги подржува и секогаш на прво место ги става македонските производи, па така ја пронаоѓам Христијана и нејзиниот бренд „Suits“, која што не само што ги исполни моите очекувања, не престанува да ме изнанедува со нејзините креации и уникатноста која ја има, започна Јована.

Таа за Христијана ни откри дека е дизајнерка од Битола која го следи деловниот изглед на една жени, прави таквии креации и им додава модерен тренд.

– Со Христијана буквално ни „кликна“ уште при првиот телефонски разговор. Со само еден повик таа ги разбра моите желби и очекувања. Не само што креаира облека за пристоен и деловен изглед, туку и им додава модернизам. Дефинитивно ме освои од прва, а уште повеќе се радувам дека креациите се од македонски дизајнер, односно се македонско производство.

Јована додаде дека Голубовиќ и подготвува изненадување.

– На 30 ноември се случува официјалниот избор на „Мажи на годината“ , настан за кој Христијана ми подготвува креација – изненадување. Со нетрпение го очекувам крајниот производ, како некој кој го знае мојот стил и вкус верувам дека повторно ќе ги надмине моите очекувања, посочи водителката.

Најнови вести