Градинката „Детска радост“ демантира дека во установата имало насилство, како што претходно денес обвини пратеничката, Ангелина Петкова.
Еве што велат од таму:
Се работи за детска игра во малата група во клон Цветови каде настанале гребаници на едно од згрижените дечиња. Случајот го пријавивме до надлежното Министерство за труд и социјална политика и очекуваме уште утре надлежен инспектор од МТСП да ја посети установата.
По извршениот инспекциски надзор ќе бидете известени за стручниот наод. Дотогаш тврдењето на пратеничката Петкова го сметаме за тенденциозно и политички обоено со изнесени невистини за установата.
Грижата за децата е наш императив, а во соопштението на пратеничката Петкова е очигледна грижата за одземените ингеренции на градоначалникот на Општина Гевгелија врз ЈОУДГ „Детска Радост – Гевгелија“ од страна на МТСП, токму поради непостапување согласно законските надлежности во сферата на детската заштита што ги има локалната самоуправа, се наведува во демантот.