Пејачот Жељко Самарџиќ за првпат проговори за големата семејна трагедија – загубата на синот.
-Тоа беше тага за сите нас. Кога и да дојде тој месец, јас и Маја ја делиме таа тага и секогаш мислиме колку голем ќе беше да останеше жив, но тоа е животот, изјави пејачот за својот син Златко, кој починал три месеци по раѓањето.
-Се сеќавам на тој период, мојата покојна баба дојде да го види својот правнук за првпат, за неа беше голем шок кога се случи се. Во Црна Гора, машката глава е голема работа. Никогаш нема да го заборавам, објаснува тој за Блиц.
Тој додаде дека човек никогаш не знае што може да му се случи во животот.
Денеска Самарџиќ и неговата сопруга имаат три ќерки и четири внуци.