Прво и основно правило за нега на усните во зимскиот период е нивна секојдневна нега бидејќи студениот ветер им штети.
Усните поради честата промена на температура, од студено на топло, се сушат. Еве како да си помогнете, да немате испукани усни во зимските денови.
Доколку се најдете во ваква фаза треба да избегнувате парфимирани балсами. Избегнувајте балсами кои содржат еукалиптус и ментол и мириси. Овие состојки може да влијаат на сувоста на усните, односно ќе ги омекнат само накратко пред повторно да почнат да пукаат или да се сушат.
Ако усните не ти третирате навреме, може да дојде до воспаление. Усните се чувствителни бидејќи постојано се растегнуваат при зборување или џкавање. Затоа е важно секогаш да бидат хидратизирани за да останат здрави.
Идеално е да ги третирате навечер пред спиење. Ставете крема која има регенеративни својства и ќе им помогне да се обноват.
Глицеринот е одличен за нега на кожата на усните, делува мрсно, но навистина помага. Маслата се добри, често ги има во кремите и балсамите за нега на усните.
Ако често се надвор, не заборавајте да ставите балсам со заштитен УВ фактор бидејќи усните ниту во зимскиот период не се поштедени.
Она што е исто така многу важно е да пиете многу вода, бидејќи на кожата се гледа дали организмот е дехидриран.