недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Најпознатата кулинарска емисија „Храна и вино“ слави 20 години

Најпознатата кулинарска емисија „Храна и вино“ слави 20 години

Најпознатата кулинарска емисија во Македонија „Храна и вино“ прославува 20 години од емитувањето.

Првата емисија е емитувана на 25 ноември 2002 година. Основна идеја на серијата е да им претстави на гледачите секој работен ден по едно предјадење, главно јадење и десерт.

Емисијата нема водител, рецептите ги подготвуваат професионални готвачи, а постапката ја објаснува спикер. Ваков пристап му овозможува на гледачот постапката да ја следи од почеток до крај до најситните детали, така да и оние кои не се толку вешти во кујната да можат да го подготват јадењето.

Емисијата доживеа огромна популарност, што доведе кон крајот на јануари 2004 година да се донесе одлука за печатење на списание „Храна и вино“ во кое ќе бидат сместени безброј рецепти. Првиот број на списанието „Храна и Вино“ излезе на 1 март.

Емисијата имаше голема популарност и беше емитувана и во регионот. Снимањето траеше до март 2016 година и снимени се над 8.500 рецепти.

Иако на телевизиските канали емисијата не се емитува, вкусните рецепти подготвени од професионалните готвачи се уште може да ги гледате на ЈуТјуб каналот на „Храна и вино“.