недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Влажни коловози на патиштата – Густа магла на патот Тетово-Попова Шапка, видливост до 15 метри

Влажни коловози на патиштата – Густа магла на патот Тетово-Попова Шапка, видливост до 15 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на густа магла на патниот правец Тетово-Попова Шапка, поточно с.Лисец-Попова Шапка, видливоста е намалена до 15 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести