Овој мелем го отстранува вишокот на маснотии и вода во организмот, ја подобрува функцијата на мозокот, ги подобрува памтењето, ги подобрува слухот и видот.
Главните состојки се свеж рен, лимони со кората и мед.
Ренот е богат со витамини и минерали како Ц, Б1, Б2, Б6, калиум, магнезиум, фосфор и освен во исхраната се користи и како лековито средство. Тој се користи како додаток на разни јадења, посебно со мрсна храна, бидејќи помага полесно да се свари.
Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го отстранува заморот, го поттикнува размножувањето на корисните бактерии во цревата. Сокот од рен ги уништува бактериите на дизентерија, салмонела, туберкулоза како и многу габи кои се јавуваат како паразити кај човекот и растенијата.
Ренот исто така ја поттикнува работата на црниот дроб, делува поволно на срцето и циркулацијата, одличен е како диуретик, помага кај реума и го подобрува варењето така што го стимулира лачењето на желудочните и цревните сокови, жолчката и ензимите од панкреасот.
Свежиот корен од рен може да се користи во текот на целата година ако навреме се закопа во влажен песок или се чува во подрум. Ако имате поголем корен, можете да ја изрендате количината што ви е потребна, а остатокот да го завиткате во алуминиумска фолија и да го ставите во фрижидер.
Потребни состојки:
-125 гр. рен
-3 лимони
-3 лажици мед
Измелете го ренот. Земете три лимони, исечете ги, исчистете ги од семките и заедно со кората убаво измелете ги и измешајте ги со измелениот рен. Во добиената смеса додадете три лажици мед и се убаво измешајте. Чувајте во затворена тегла во фрижидер. Се зема по една мала лажичка два пати на ден со оброк.
Земајте го мелемот редовно во период од 3 недели и ќе видите како обемот на половината чудесно ќе ви се намали.