Проф. д-р Јовица Угриновски ќе биде погребан денеска на на градските гробишта „Бутел“.
Како што објавија од Неуромедика, приемотво капелата ќе биде овозможен од 13:30 часот, а закопот ќе биде извршен во 14 часот и 30 минути.
Угриновски почина вчера на 77-годишна возраст по тешко боледување, а здравствениот систем остана без врвен неврохирург и професионалец во оваа област.
Проф. д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на “НЕУРОМЕДИКА”.