четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Постојано сонувате една личност: Вашиот мозок си игра со вас, а еве што може да значи сето ова!

Постојано сонувате една личност: Вашиот мозок си игра со вас, а еве што може да значи сето ова!

Иако најчесто ги забораваме нашите соништа, на сите ни се случило барем еднаш во животот една личност да дојде во нашиот сон повеќе пати.

Д-р Кардер Стаут, психотерапевт, често ги охрабрува пациентите да погледнат „внатре“ за да добијат перспектива за нивните соништа.

– Меѓу терапевтите од мојата област постои заедничко разбирање дека соништата се компензаторни, што значи дека тие не се произволни и бесмислени, туку имаат јасна намера и цел, а тоа е да се донесе материјал од несвесното до свеста – вели психотерапевтот.

Овој начин на сонување ви овозможува подобро да се разберете себеси и помага точно да ги одредите вашите грижи, стравови, сомнежи, надежи и желби.

Сонувањето на иста личност одново и одново може да укаже на нерешен конфликт.

Ако сте се прашувале што навистина значи кога сонувате некого, особено ако соништата се повторуваат, постојат неколку можни објаснувања. Можеби сонувате за некого затоа што има нерешен конфликт во вашиот личен или професионален живот. Сонувањето на колега не мора да значи дека сте заљубени во оваа личност или дури и дека има хемија меѓу вас. Овие соништа можат да бидат начин на кој вашата потсвест рефлектира одредени нервози, односно стравови и фобии кои моментално ги доживувате на работа.

Дали неодамна сте се скарале со пријател или член на семејството? Овие луѓе можат да бидат во вашите соништа како показател за тоа колку потсвесно се чувствувате за овие ситуации. Обидете се да разговарате со личноста која постојано се појавува во вашите соништа и работете заедно за да најдете решение за секој проблем што го имате.

Луѓето во вашите соништа можат да послужат како претстава за вашата личност.

Работите за кои сонуваме не се секогаш едноставни. Ако продолжите да сонувате за истата личност, тоа можеби не е одраз на вашите чувства кон неа, туку кон себе. Луѓето во соништата можат да бидат несвесна претстава за нашата личност.