Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ДРаган Ковачки преку статус на Фејсбук пишува дека над месец дена некој се исмева со цел безбедносен систем и никој не реагира.
-Пак дојави со бомби во средните училишта во Скопје.
Македонијо на какво дереџе те дотераа.
Над месец дена некој се исмева со цел безбедносен систем и никој не реагира.
Спасовски си тераше турнеја низ Европа и си се фокусира на партиските обврски, Виктор Димовски со паметот е во Париз, а учениците повторно губат настава.
Секако, министерот за образование не е засегнат со овие состојби. Тој се’ уште е фокусиран на набавката на учебници.
А Ковачевски, премиерот, тој не е оттука. Се спрема за премиер од 2024 година.
Оставка неспособни!, стои во неговиот пост на Фејсбук.