понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

УШТЕ ЕДЕН ПРОТЕСТ УТРЕ ТОЧНО НАПЛАДНЕ – еве кој дел да го избегнете иако тоа нема да биде возможно!

УШТЕ ЕДЕН ПРОТЕСТ УТРЕ ТОЧНО НАПЛАДНЕ – еве кој дел да го избегнете иако тоа нема да биде возможно!

Утре, 02 12 2022 год. во 12:00 час. пред Оснопвното Јавно Обвинитество во Скопје здруженијата „Но Пасаран“, „Човекот над профитот“ и „Стоп за грабежот“ ќе одржат мирен протест.

„Пред ОЈО ќе застанеме, да побараме да се реагира по допрен глас но и по матерјални докази за сторени кривични дела- злоупотреба на службена должност и овластување, лихварство, корупција, измама, фалсификување, изнуда“, велат тие преку соопштение до јавноста.

Потоа додаваат дека „нереално високите побарувања, и по 10 пати поголеми од основниот долг, кои ја надмашуваат каматата и тарифата се чист грабеж, кој ако не се истражи, последиците по ова општество ќе бидат погубни. Протестираме против начинот на извршување каде што е прекршен Кривичниот законик , па спрегата на корумирани судии, нотари, извршители, доверители ќе продолжи ако е се реагира на време. Здруженијата се соединети во – борба за правда, борба против мафијашката спрега доверители, судии, фирми за наплата на побарувања, извршители и низа на корумпирани државни службеници“, стои во нивната информација испратена до медиумите.

Најнови вести