вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Коњановски: Битола продолжува со постојана комуникација и соработка со граѓаните во креирањето на општинскиот буџет за 2023 година

Коњановски: Битола продолжува со постојана комуникација и соработка со граѓаните во креирањето на општинскиот буџет за 2023 година

Градоначалникот на Битола преку статус на Фејсбук пишува дека општина Битола продолжува со постојана комуникација и соработка со граѓаните во креирањето на општинскиот буџет за 2023 година.

-Отворено, транспарентно и отчетно.

Општина Битола е отворена за сите граѓани.

Како отворена и транспарентна општина, која работи согласно принципите на Советот на Европа за извонредност во управувањето, општина Битола продолжува со постојана комуникација и соработка со граѓаните во креирањето на општинскиот буџет за 2023 година.

Денес остваривме средби со граѓаните што дојдоа да ги дадат своите предлози за идниот развој на општината. Продолжуваме и утре и следниот викенд, стои во неговиот пост на Фејсбук.