среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Коњановски: Буџетот го носиме со граѓаните, урбаните заедници, невладините во присуство и на медиумите, работиме транспарентно и отворено за доброто на Битола

Коњановски: Буџетот го носиме со граѓаните, урбаните заедници, невладините во присуство и на медиумите, работиме транспарентно и отворено за доброто на Битола

Во духот на транспарентноста, отчетноста и отвореноста со граѓаните општина Битола продолжува и понатаму. Впрочем за тоа добивме и високо признание за лидер во однос на транспарентноста и отчетноста. Како што напомена Сајкоски во изминатиот месец веќе самоиницијативно имавме буџетски форуми на кои во 4 фази, 4 недели, 4 средби ги сумиравме и она што презентиравме е направено, меѓутоа уште повеќе идејата беше да се осознае и да се побара од граѓаните нови идеи, нови проекти. Значи поканети беа сите урбани заедници, беа невладини организации, медиуми беа поканети исто граѓаните секој со свои предлози да учествува, изјави денеска градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.