петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев: Поставени првите фотоволтаични панели на две училишта во општина Велес

Колев: Поставени првите фотоволтаични панели на две училишта во општина Велес

Поставени се првите фотоволтаични панели на две училишта во Општина Велес, информира градоначалникот Марко Колев.

-На покривите на СОУ “Гимназија Кочо Рацин” и ССОУ “Димитрија Чуповски” поставени се фотоволтаични панели за производство на сопствена електрична енергија и намалување на ударот од енергетската криза. И во наредните денови продолжува интензивната работа за опремување и на останатите училишта. Посветено, за поубав Велес, посочи тој.