вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

ТАЖНА ВЕСТ: Почина славната актерка

ТАЖНА ВЕСТ: Почина славната актерка

Актерката Кирсти Али, позната по улогите во телевизиската серија „Cheers“ и „Погледни кој зборува“, почина на 71-годишна возраст, објави „Гардијан“.

Смртта на познатата актерка во понеделникот ја потврдија нејзините деца Вилијам Тру Стивенсон и Лили Прајс Стивенсон, а подоцна истото го сподели и нејзиниот менаџер.

Кирсти Али боледувала од рак, откри нејзиното семејство.

-До сите наши пријатели ширум светот… Со тага ве известуваме дека нашата неверојатна, силна и сакана мајка почина по битката со ракот, кој ѝ беше откриен неодамна. Беше опкружена со најблиското семејство и се бореше со голема упорност… Колку и да беше неверојатна на екранот и филмското платно, таа беше уште подобра мајка и баба, се вели во соопштението на семејството.

Најнови вести