петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КУРИР НА ТЕРЕН НА ТРИТЕ РАСКРСНИЦИ: Приватните превозници остануваат на улица додека не ги прими градоначалничката (ФОТО+ВИДЕО)

КУРИР НА ТЕРЕН НА ТРИТЕ РАСКРСНИЦИ: Приватните превозници остануваат на улица додека не ги прими градоначалничката (ФОТО+ВИДЕО)

Приватните превозници веќе втор ден протестираат и бараат средба со градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска која нема слух за овој огромен нивен проблем.

На новинарско прашање дали таа побарала да ги прими на средба нив и да го реши овој проблем велат дека тоа за жал не се случило до овој момент.

-За жал не, како што кажавте втор ден веќе сме на протести, нема слух, ни од градоначалничката, ниту од некоја повисока дистанца во државата. Баравме помош, баравме медијација, но немаше.

Превозниците во изјава за КУРИР по скандалозната изјава на Ристо Пенов дека автобусите можат насилно да бидат тргнати велат дека воопшто името не заслужува да му го споменат.

-И тој беше градоначалник и се видоа резултатите и од неговиот мандат, тогаш имавме еден огромен протест за време на неговиот мандат тој е истрошен политичар и местото му е на  политичкото буниште и ве молам за него не сакам да коментирам, вели еден од приватните превозници кои денеска протестираат.

Видеото погледнете го во продолжение:

Екипата на КУРИР беше и пред раскрсницата Мавровка каде револтираните приватни превозници ни изјавија дека денеска Арсовска најавила прес конференција, но не и средба со нас.

-На таа пресконференција очекуваме да каже нешто за да ја реши оваа ситуација.

Тие велат дека штрајкот е најавен уредно во МВР и затоа остануваат на улица се додека не се реши нивниот проблем.

Екипата на КУРИР беше и пред раскрсницата кај Црвен Крст каде исто така е мирно, а блокадите течат како и вчера, автобусите се поставени од двете страни на булеварот.

Нашата екипа останува на терен, а повеќе информации очекувајте во текот на денот.

Најнови вести