понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, водостојот на Дојранското Езеро е повисок за 1,67 метри од просечниот за декември. Нивоата, пак, на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за два сантиметра кај Охридското и за 1,84 метри кај Преспанското Езеро. Сепак, водостојот на Охридското Езеро е седум сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 (мнм).

Пониски од повеќегодишниот просек за овој период од годината се и нивоата на речиси сите реки во земјава и најчесто се пониски или исти со вчерашните.

Најнови вести