среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Независниот синдикат на полицијата бара итна промена на работното време

Независниот синдикат на полицијата бара итна промена на работното време

Независниот синдикат на полицијата (НСП) бара итна промена на воведното ново седумчасовно работно време за работниците на униформираната полиција во полициските станици на територија на СВР-Скопје.

Според нив, ваквиот начин на работа е крајно непродуктивен, незаконски и штетен како за вработените така и за граѓаните и бараат да се вратат старите смени од 12 часа.

– Спроведениот нов начин на организирање на смените претставува огромен проблем за вработените бидејќи од раководителите-командири, началници не се почитуваат член 128, став 5 и член 134 од Законот за работни односни и член 105 од Колективниот договор на МВР, рече портпаролот на НСП Дејан Саздов. Додаде дека веќе е созадено големо незадоволство кај вработените и оти сите овие работи придонесуваат за пад на моралот и желбата за работа на полицијата.

Саздов изјави дека со цел надминување на проблемите бараат брза и итна средба со началникот на СВР-Скопје Тони Јакимовски на која ќе предложат решенија за надминување на проблемите.

Тој рече дека воведувањето позорна служба треба да се спроведува во согласност со законите и на начин кој ќе биде ефикасен и ќе покаже реална коирист за безбедноста на граѓаните. (МИА)

Најнови вести