среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Намалена видливост поради магла на ОВИЕ патишта

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Намалена видливост поради магла на ОВИЕ патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 80м. има на планинскиот премин Ѓавато, до 50м. на планинскиот премин Стража и до 100м. во Крушево.

Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила. (МИА)

Најнови вести