среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Рушка преживеала пеколна година, па еден момент променил сè во нејзиниот живот

Рушка преживеала пеколна година, па еден момент променил сè во нејзиниот живот

Рушка Јакиќ се осврна на годината во која сфатила дека ќе биде своја и оптимист.

Имено, Рушка Јакиќ во таа година доживеала се што никој никому не сака да му посака, а за неа после тоа имало само два патишта. Tаа го избра вистинскиот.

-Имаше една година во мојот живот во која се случија неколку работи. Таа година умреа татко ми и мајка ми, јас останав без работа, Ана отиде да студира во Италија, моето куче кое го обожавав умре и одеднаш ја отворив вратата од мојата куќа и останав сама. Си направив убаво кафе и си зборував самата со себе. Има 2 начини, едниот е да паднеш во депресија и да не успееш, а другиот е да станеш и јас станав, изјави Јакиќ.

Рушка посочува дека најважно е да управуваме со нашето размислување.

-Депресијата е болест. Постои начин да го контролираме нашиот мозок. Научив дека мојот мозок прима само добри информации, дека моите очи го гледаат само она што јас го сакам и дека моите уши го слушаат само она што јас го сакам. Нашата потсвест добива 65.000 информации дневно, само изберете ја онаа што најмногу ви се допаѓа, изјави Јакиќ.

Најнови вести