понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Манчев: Граѓаните имаа прилика и ни ја искажаа нивната визија за развој на Општина Босилово

Манчев: Граѓаните имаа прилика и ни ја искажаа нивната визија за развој на Општина Босилово

Денес и вчера во Општина Босилово реализиравме “Отворен ден за идеи”. Граѓаните имаа прилика и ни ја искажаа нивната визија за развој на Општина Босилово и конкретни предлози за реализација на проекти во идната 2023 година, објави на Фејсбук градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев.

-На отворениот ден присуствуваа и советници од Општина Босилово, Претседателот на Советот на општина Босилово, Мито Андонов и пратениците во Собранието на Република Македонија Јадранка Поцкова и Ангелина Петкова. Општина Босилово останува отворена општина и секоја идеја, предлог и сугестија, во секое време е добредојдена, истскна Манчев.