недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: СДСМ не е начисто колку од нејзината пратеничка група ќе гласаат за промена на Уставот, нека не се грижат за ВМРО-ДПМНЕ

Пешевска: СДСМ не е начисто колку од нејзината пратеничка група ќе гласаат за промена на Уставот, нека не се грижат за ВМРО-ДПМНЕ

Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме кажале јасен став за уставните промени и нема да ги поддржиме истите. До сега се што зборува Владата е дефокус, тие се спин мајстори. Разговори со пратеници од нашата пратеничка група нема ниту ќе го поддржиме промена на Устав, рече Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во мисјата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Според неа владеачката колиција е влезена во политичка криза.

„Прво нека си ја решат состојбата во својата пратеничка група, па потоа нека гледаат за други. Македонија е обврзана да ги внесе Бугарите во Устав затоа што имаме Влада без кичма, а нашите квазиполитичари си ја погазија и резолуцијата за црвени линии гласана во Собрание“, укажа Пешевска.

Пратеничката дополнително укажа дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто не била вклучена во разговорите за вака клучни и стратешки теми.

„Власта покажа сервилност кон сите, притоа не ги интересираат воопшто граѓаните. Во Закон за здруженија и фондации да не поднесевме ние измени што треба да исполнуваат здруженијата кои се регистѕрираат како бугарските, на власта немаше да и текне“, рече Пешевска.

Пешевска го праша Горан Сугаревски од СДСМ кој беше дел од дебатата во емисијата дали воопшто е признаено македонското малцинство во Бугарија.

„Дали со Договорот во Бугарија го поништивте малцинството наше во Бугарија“, го праша Пешевска, Сугаревски од СДСМ укажувајќи дека уништија се што е македонско.

Најнови вести