понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Времен сообраќаен режим на делницата Велес-Неготино

Времен сообраќаен режим на делницата Велес-Неготино

АМСМ информира дека на државниот пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај.

Времениот режим се воведува поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на местото каде што се гради новата клучка Градско.  Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75.

Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

Најнови вести