петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Градоначалникот Ристов: Изработката на буџетот за 2023 година за општина Конче е во завршна фаза

Градоначалникот Ристов: Изработката на буџетот за 2023 година за општина Конче е во завршна фаза

Веќе се направени посети на сите месни заедници, преку реализираната акцијата „Биди дел од промените што носат иднина” добиени се многу интересни и корисни идеи од граѓаните ги даваа свои предлози, а самиот буџет за 2023 година е во завршна фаза. Ова се дел од главните поенти од обраќањето на градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов на регионалната средба на градоначалниците од Југоисточниот регион од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Од голема помош во изработката на нацрт-буџетот беше одржувањето на отворените денови за граѓаните и можам да кажам дека од предлозите на граѓаните произлегоа големи два проекти. За 2023 година од покрупните проекти кои ќе се реализираат можам да ги издвојам уредувањето на речното корито во село Ракитец, уредувањето на главната улица во Конче, која ги поврзува населените места Конче и Лубница, како и реконструкција на главната улица во село Ракитец. Како еден од покрупните проекти, кој ќе го реализираме како предлог од граѓаните, е поставување на фотоволтаични панели на кровните конструкции на објектите во надлежност на општината, како што се општинската зграда, домот на култура и други, кажа градоначалникот Ристов.

Исто како и останатите општини од регионот, и Општина Конче ја чека разврската и носењето на новиот Законот за концесии, бидејќи финансирањето на општината во голема мерка зависи од работата на рудникот за бакар во Боров дол.

Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.