Победничката на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, Бојана Бајрактаревиќ по трет пат има рак на дојката.
Пејачката која ја воодушеви публиката уште од самото свое појавување во јавноста, се прослави во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ каде освои дури три награди во минатото.
Таа некое време се бори со пеколната болест, која дури два пати ја победила, пренесуваат српските медиуми.
Пејачката во овие моменти го завршила и процесот на хемотерапија (операција за отстранување на дојката), а понекогаш ова значи и отстранување на други ткива кои се наоѓаат во близина на дојката, како што се лимфни чворови и слично.
-Вистина е, по трет пат имам рак на дојката. Откако ми направија отстранување на дојката, сега следува циклус на зрачење, значи се е исто како и минатиот пат. Секако не се предавам, се борам и одам понатаму. Се надевам дека овој пат трајно ќе успеам да ја победам болеста и дека лекувањето ќе даде резултат, вели Бојана.
Инаку таа во меѓувреме додека одеше на лекување имаше и свои настапи подеднакво како и кога беше здрава.