вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки: Спасовски не може да открие кој стои зад дојавите за бомбите, неспособен е и нема капацитет

Ковачки: Спасовски не може да открие кој стои зад дојавите за бомбите, неспособен е и нема капацитет

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за лажните дојави за бомби за кои повеќе од месец дена МВР не може да открие кој е сторителот, рече дека сето тоа се должи на неспособноста на министерот Оливер Спасовски, како и немањето на капацитет и целосната партизација на истото, укажувајќи дека од лица кои се осудувани и лежеле затвор а се на раководни позиции во МВР не може да се очекува да се справат со криминалот кој што владее во државата.

Мислам дека сето ова се должи на неспособноста на министерот Оливер Спасовски кој веќе 8ма година го раководи министерството. Неспособноста се должи на аматеризмот, немањето капацитет и на целата партизација на МВР. И токму затоа МВР нема никаков авторитет за да ги пронајде сторителите. Не може на клучни позиции да бидат поставувани лица кои што се осудувани и кои што лежеле во затвор, од такви лица не може да очекуваме дека ќе се справат со криминалот кој што владее во Македонија, изјави Ковачки.

Најнови вести