понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андонов: Василево го наследив со долг од 100 милиони денари и блокирани сметки, работиме на исполнување на ветувањата кон граѓаните

Андонов: Василево го наследив со долг од 100 милиони денари и блокирани сметки, работиме на исполнување на ветувањата кон граѓаните

Буџетот на Општина Василево е креиран во транспарентна постапка и отворен процес заедно со граѓаните, а преку секојдневните средби добиени се одлични предлози и идеи кои ќе бидат земени во предвид, а дел ќе бидат внесени и во буџетот за 2023 година.

Ова е една од поентите од обраќањето на Славе Андонов, градоначалник на Општина Василево на регионалната средба на градоначалниците од Југоисточниот регион од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на трибината се осврна на тешката светска економска и енергетска криза, кои го отежнуваат нормалното функционирање на општината.

– Креирањето на буџетот за Општина Василево беше вистински предизвик бидејќи се наоѓаме во голема светска економска и енергетска криза, а самата општина ја наследив со задолженост од околу 100 милиони денари и блокирана сметка. За потсетување, нашиот основен буџет е околу 70 милиони денари, што значи дека ние не треба да работиме ништо една и пол година само за да го вратиме долгот. Сепак, ова не не спречи преку домаќинско работење да започнеме со стабилизирање на општината – кажа Андонов.

Тој додаде дека во текот на 2022 година веќе започнале со реализација на повеќе капитални проекти, како што се изградбата на патот Ново маала – Добрашинци за што се инвестирани околу 10 милиони денари, како и реконструкцијата на околу 4 километри од локалната патна инфраструктура за што се инвестирани околу 40 милиони денари.

– За идната 2023 година исто така имаме амбициозна програма, каде планираме асфалтирање на околу 15 улици, а за две поголеми улици имаме обезбедено и финансиски средства. Тоа е асфалтирање на патот до манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Дукатино, како и асфалтирање на патот до црквата „Свети Илија“ во Радичево. Обезбедени се средства и за партерното уредување на просторот пред домот на културата во Нова Маала. Една од главните барања на граѓаните е изградбата на канализациони системи, нешто што претставува голем проблем за нашата општина и е област каде многу малку е инвестирано во изминативе години. Од наредната година ќе започнеме со изградба на првите краци на канализационите системи во Василево, Ангелци, Градашорци, Пиперево, а ќе работиме и за завршување на изградбата на водоводниот систем во Дукатино- додаде градоначалникот Андонов.

Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести