понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Вардар и Пелистер мора да играат во прва лига, власта на СДСМ и ДУИ свесно ги уништува за да го згасне патриотизмот кај народот

Николоски: Вардар и Пелистер мора да играат во прва лига, власта на СДСМ и ДУИ свесно ги уништува за да го згасне патриотизмот кај народот

Планираме како идна влада во Македонија да потрошиме многу време и енергија, зборувам за спортските објекти кои не се градат. На пример претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ започна една иницијатива за изградба на спортски сали, прв пат во Македонија се изградија спортски сали, се изградија триесе и неколку спортски сали. Оттогаш ни една сала не е изградена. Како втора фаза беше да се изградат базени, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Вечерно шоу со Богдан Илиевски што се емитува на телевизија Алфа.

Според него ова што сега не се инвестира во спортот не е случајно.

-Ова е една анационална политика која се води во спортот. Да не беше општината и градоначалникот ништо немаше ни да има од маратонот во Охрид, рече Николоски.

Тој укажа дека државата мора да вложи и оти не можеме да им замеруваме на нашите најдобри спортисти ако не прават подобри резултати од овие затоа што немаат државна поддршка.

-Кај нас целата фудбалска репрезентација каде има одлични индивидуалци тоа се луѓе кои сами се пробивале, најголем дел имале среќа да заминат надвор и тие таму се развиваат, и од патриотизам играат за Македонија. Во Хрватска на пример половина тим им е од домашното првенството каде што не само Динамо Загреб, Хајдук Сплит се одлични и имаат уште некоку тимови кои можат да игаат на европско ниво, рече Николоски.

Оттука, додаде тој, Вардар и Пелистер мора да играат во прва лига, власта на СДСМ и ДУИ свесно ги уништува за да го згасне патриотизмот кај народот.

-И Пелистер и Вардар играат Втора лига, тоа е тажно, нема друг збор освен тажно, затоа што имаме какви што имаме на власт неодговорни, неранимајковци кои во моментов ја водат државата, заклучи Николоски.

Најнови вести