четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Секој град во Македонија мора да има прволигаш во најмалку еден од трите најпопуларни спортови, тоа треба да е државен проект

Николоски: Секој град во Македонија мора да има прволигаш во најмалку еден од трите најпопуларни спортови, тоа треба да е државен проект

Фудбалот е спорт број 1, или ќе градиме здрава нација или ќе ги оставиме децата по улици, а тоа се случува преку спорт и најмогу преку фудбалот, секако тука и кошарката и ракомотет кој има огромна традиција во Македонија. Но Вардар сега игра Втора лига. Голем спортски колектив е и државен проект. Не може да е само приватен проект особено во мала држава како Македонија. Ниту Црвена Ѕвезада, ниту Партизан, ниту Динамо Загреб се приватни иницијативи. Точно таму има многу приватни спонзори, но се државни проекти, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Вечерно шоу со Богдан Илиевски што се емитува на телевизија Алфа.

Тој укажа дека каква е ситуацијата во спортот е многу важно.

-Во Битола, градоначалникот избран од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски силно се ангажираше да се изгради конечно стадионот на Тумбе кафе затоа што Битола има дефинитивно најголема спортска традиција во Македонија, врвен ракомет играат и секако има голема фудбалска традиција. Прв пат Битола гледа реализицаија на она што беше сон децении наназад, а тоа е на Тумбе кафе да се изгради стадион. Успеа Коњановски едната трибина да се заврши, сега ќе се работи на втората трибина. На отворање на едната трибина имаше преку 15 илјади публика што за македонски услови е огромна бројка, а играа два клуба од Втората лига. Значи и Пелистер и Вардар играат Втора лига, тоа е тажно, нема друг збор освен тажно, затоа што имаме какви што имаме на власт неодговорни, неранимајковци кои во моментов ја водат државата, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на ситуацијата и во другите клубови во земјава.

-Охрид игра Втора лига, Брегалница само заради силното залагање на актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов, Брегалница Штип игра Прва лига, Брегалница е еден огромен спортски колектив. Да не зборувам дека другите клубови се на раб на егзистенција. Или еве ако сакате да префрлиме на ракомет каде Вардар од европски шампион два пати сега е на раб на егзистенција. Ракомет се знае во Македонија има три центри секако едниот е Скопје, а вториот Битола и третиот е Охрид и Струга, и тоа е тоа околу кое се гради ракометот во Македонија. Но од трите клуба, двата не се на тоа ниво на кое што треба да се во Македонија затоа што државата не застанува зад нив. На пример оваа сезона се навистина добри, но може да се и многу подобри доколку има владина поддршка, сега има поддршка само од општината градоначалникот Кирил Пецаков помага многу тој и самиот е поранешен ракометар. Вардар знаеме каква е состојбата и единствено во добра форма е Еурофарм Пелистер затоа што имаат силен спознор, но и тие немаат голема државна поддршка, посочи Николоски.

Николсоки на крајот укажа дека сето ова го кажува за да сфатат сите дека гоелмите спортски успеси и големите спортски колективи се државни проекти.

-И талентите се градат низ овие спортиски колективи како државни проекти, заклучи Николоски.

Најнови вести