сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во беровско Русиново одбележани 116 години од смртта на револуционерот Даме Груев

Во беровско Русиново одбележани 116 години од смртта на револуционерот Даме Груев

Со одржување на традиционалниот марш до планината Петлец во беровско Русиново денеска се величаше ликот и делото на Даме Груев. Традиционалниот марш во организација на ОК ВМРО ДПМНЕ Берово, собра околу 100 учесници кои најпрво присуствуваа на панихида на гробиштата во Русиново, од каде присутните , се упатија и положија цвеќе на спомен обележјето во центарот на селото каде имаа и свое обраќање.

-Понесени од истрајноста и силното чувство за слобода на сосптвената татковина, жедни за слобода како и сите други народи, оваа наша Македонија роди синови кои денес станаа симбол, мотив и емоција која е длабоко втемелена во нашата потсвест, во нашата душа и тело, и затоа денес сме овде да им оддадеме достојна почит на сите загинати револуционери кои својот живот го дадоа за оваа грутка земја Македонија. Денес сме овде, храбро и горди пред бистата на херојот и револуционерот Ние, неговите потомци, луѓето кој го носат неговиот завет херојот за кој го славиме и величиме неговото име, Дамјан Груев – беше истакнато на говорот од страна на Наташа Ваканска пред споменикот на Даме Груев во Русиново.

На настаност традиционално како и секоја година присуствуваше ипратеникот во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како и гости од неколку градови во државата.

Инаку апостолот на македонското револуционерно движење Даме Груев за граѓаните не беровско Русиново е од огромно значање и преставаува симбол на селото и симбол на истрајноста во борбата за слобода.

Даме Груев бил револуционер кој едноставно живеел со неговата изрека: ДОСТА Е! ДОСТА Е, ПОДОБРО УЖАСЕН КРАЈ, ОТКОЛКУ УЖАС БЕЗ КРАЈ!

Или онаа другата мисла на Даме: СЛОБОДАТА Е ГОЛЕМО НЕШТО – ТАА БАРА МНОГУ ЖРТВИ! Токму овие мисли на Дамјан Груев зборуваат за неговата саможртва и непокор кој го носел во себе. Аманетот кој го оставил се зборови искажани со мака и болка а не со леснотија и убавина. Поминаа 116 години од смртта на овој голем македонски син. Тој ден чесните селани од село Русиново го погребаа во дворот на селската црква заедно со своите соборци Атанас Карчев и Сандо Китанов, во далечната 1906 година, и од овој ден историската трага на овие македонски херои остана запишана во историјата на МАКЕДОНИЈА. Дамјан Груев, токму на врвот Петлец почина како и што живееше: храбро, тврдокорно, со мислите и заветот за самостојна и слободна МАКЕДОНИЈА!