вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во кој дел од Македонија е најстудено, а каде е најтопло?

Во кој дел од Македонија е најстудено, а каде е најтопло?

Најстудено утрово е во Крива Паланка со -5 и во Маврово со -4 степени. Минусни температури има и во Берово, Демир Капија и Куманово, во Скопје е нула, а најтопло е во Гевгелика со 5 степени.

Во текот на ноќта имаше променлива облачност и дуваше слаб променлив ветер. Утринава во источните делови е сончево, а зголемена облачност има во централните и западните делови. Дува слаб променлив ветер. Во Крушево и во Скопската котлина е магливо.

Денеска наутро е студено и особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во југоисточните делови од земјата и понекаде во западните. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро свежо, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Најнови вести