Познатиот актер Брус Вилис, за жал, ја заврши својата актерска кариера поради здравствени проблеми, но публиката ќе може да види некои од неговите нови филмови кои ги снимил пред да се повлече од актерството.
Еден од нив е „Detective Knight: Independence“, а првиот трејлер веќе е објавен.
Станува збор за акционен филм во кој глуми Брус Вилис, кој го игра детективот Џејмс Најт вклучен во борба против одмаздољубивите служби за итни случаи кои имаат свои вооружени акции на Денот на независноста.
Како што се наведува, филмот ќе се појави на крајот на јануари следната година.