понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Повеќе скопски населби денеска без струја

Повеќе скопски населби денеска без струја

Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Бертранд Расел“ во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ернест Телман“ во општина Аеродром, а од 10:00 до 13:30 часот дел од корисниците лоцирани на улица „Козара“ бр.17, 19, 21 во општина Центар.

Без струја денеска од 9:30 до 14:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Славка Динкова“ во населбата Драчево.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електромрежата.