петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Навршува рокот за обнова на договорите за станарите и правните субјекти за сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“- Скопје

Навршува рокот за обнова на договорите за станарите и правните субјекти за сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“- Скопје

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја известува јавноста дека рокот на ревизијата на договорите за користење на паркинг услуги која ја спроведува претпријатието на сите паркиралишта со кои стопанисува завршува до крајот на тековната 2022 година.

Поради ова, упатуваме потсетување до сите корисници на паркинг услугите по основ на категориите: станар, вработен во правен субјект, правно лице и физичко лице, да ги ажурираат своите податоци и воедно да ги обноват своите договори во рокот што преостанува.

Доколку корисниците на електронските картици за затворении паркиралишта како и заведените лица за зонско паркирање во нашиот систем по горенаведените основи не ги ажурираат своите податоци и не ги обноват договорите додека трае ревизијата, како претпријатие ќе сметаме дека истите се откажуваат од користење на овие услуги за следната календарска 2023 година.

Како што веќе во неколку наврати јавно објавивме, ажурирање на податоците и обнова на договор корисниците на градски паркинг може да извршат во канцелариите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, кои се наоѓаат во Центар на ул. Ѓуро Стругар“ бр. 15А (до катната гаража „Беко“), или во Аеродром на бул. „Јане Сандански“ бр.113, во зависност во кој реон се користи паркингот.