понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк

Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк

Студентите кои аплицираа на повикот на МОН за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари.

Станува збор за речиси 29.000 студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември.

Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса [email protected].

-Потсетуваме дека на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации, велат од МОН.

 

Најнови вести