Во продолжение неколку знаци на витамински дефицит и нивната нутритивна терапија.
Пукнатини на усните агли
Дефицит: железо, цинк, Б витамини (Б3, Б2, Б12). Почесто се јавува кај вегетаријанци или вегани, бидејќи тие го избегнуваат главниот извор на Б12 – месото.
Невегетаријанската опција е повеќе пилешко, туна, лосос, јајца, школки, а за вегетаријанците повеќе сушени домати, темно листести растенија, легуминози, таан, кикирики.
Апсопцијата на железото се зголемува во присуство на Ц витамин повеќекратно, па храната со железо комбинирајте ја со храна богата со Ц витамин: зелена пиперка,зелка, проќељ, карфиол, брокули.
Црвенa боја на лицето и на други регии, како и паѓање на косата
Дефицит: Биотин (Б7). Додека телото лесно си прави депо од сите липосолубилни витамини како К, А, Д и Е, тоа потешко се случува со хидросолубилните како што е целата Б група. Во бодибилдерските кругови треба да се запази следното: живите јајца содржат еден протеин наречен авидин кој ја иннхибира апсопцијата на Б7.
Токму кај бодибилдерскиот проблем со авидинот лесно е решението, посегнете по варени јајца, бидејќи термичката обработка го уништува авидинот, а за повеќе биотин јадете авокадо, печурки, лосос, карфиол, соја, банани и малини.
Црвени и бели налик на акни промени типично на образите, рацете, бутовите и задникот
Дефицит: Есенцијални аминокиселини и витамини А и Д
Намалете ги транс мастите од процесираната храна и сатурираните масти и зголемете го внесот на здрави масти. Повеќе риба, ореви, бадеми, лененово семе, чија, коноп. За повеќе А витамин прошарајте ја вашата чинија со моркови, благ компир, црвени пиперки богати со бетакаротени (прекурсори на А витамин). А за витамин Д повеќе млеко и млечни производи и фатете некаде на плажа.
Пецкање, боцкање и вкочанетост во дланките и стапалата
Дефицит: Б витамини, фолати (Б9), Б6, Б12. Овој симптом е директно поврзан со завршетоците на нервните влакна во кожата, а често ваквите сензации може да бидат пропратени и со депресија, анемија, анксиозност. Репки, гравче и други легуминози, јајца, октопод, пилешко, школки, ракчиња се богати со Б витамини и погрижете се често да ги имате на вашата трпеза.
Мускулни грчеви во вид на пободувачка болка во прстите на нозете, потколената и задниот дел од нозете
Дефицит: магнезиум, калциум, калиум. Ако се случува почесто тогаш мора да помислите на дефицит на некој од овие минерали. И запамтете колку повеќе вежбате толку повеќе електролити губите како резултат на потењето.
Јадете повеќе банани, домати, бадеми, лешници, тиква, цреши, јаболка, цитрон,брокули и темно листести растенија како ќељ и спанаќ.