понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Влада: Изминатото деноноќие произведени 18.282 мегават часа електрична енергија

Влада: Изминатото деноноќие произведени 18.282 мегават часа електрична енергија

АД ЕСМ вчера произведе 18.282 мегават часа електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.

При тоа, како што прецизираат, во термоелектраните се произведени 11.706, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци“ 6.576 мегават часови електрична енергија.

– Во изминатото деноноќие преку „ЕСМ Продажба“ набавени се 1.120 мегават часови електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, посочуваат од Владата.

Најнови вести