петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ заврши во болница

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ заврши во болница

Американската актерка и ѕвезда на серијата „Беверли Хилс“ Тори Спелинг на својот Инстаграм објави фотографија на која лежи во болница.

Како што наведува оваа актерка на својот профил, завршила во болница поради вртоглавици, отежнато дишење и висок крвен притисок.

-Следниот пат не ги земајте луѓето здраво за готово и покажете сочувство наместо сомнеж. Запомнете дека за луѓето како мене е кошмар кога не сме способни да работиме. Јас сум работохолик. Секогаш избирам работа, рече Спелинг.

Актерката Спелинг е во брак со канадскиот актер Дин Мекдермот веќе 16 години.Заедно имаат пет деца и таа вели дека и е тешко да не ја помине празничната сезона со нив.

Ова не е првпат Спелинг јавно да зборува за нејзините здравствени проблеми.

Најнови вести