петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Сарамандов: Целосно се асфалтира улицата „Серменинска“ во Гевгелија

Сарамандов: Целосно се асфалтира улицата „Серменинска“ во Гевгелија

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов преку статус на Фејсбук пишува дека била реконструирана улицата „Серменинска“.

„ЦЕЛОСНО СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „СЕРМЕНИНСКА“ ОТКАКО БЕШЕ ПОСТАВЕНА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА✅

Денес извршив увид на улицата „Серменинска“ во Гевгелија, каде течат градежните активности за асфалтирање на истата. По поставувањето на подземната инфраструктура – канализација за атмосферски води, денес улицата целосно ќе се реконструира и ќе добие нов лик. Во Гевгелија повеќе не се работи без надзор и со лош квалитет, нивелирани се сите шахти и сливници, со цел граѓаните да добијат квалитетна изведба на патната инфраструктура.

Изградбата на атмосферска канализациона инфраструктура е со вкупна должина од 6.388 метри, на една третина од Гевгелија.

Како и на почетокот од овој проект повторно сакам да упатам АПЕЛ до моите сограѓани за трпеливост, станува збор за проекти кои се од огромно значење за Гевгелија и решаваат децениски проблеми на сите нас.

Градежните активности се одвиваат на повеќе места низ Гевгелија и во одредени моменти ќе го отежнуваат нормалното движење во сообраќајот.

Ние како локална самоуправа сме во постојана комуникација со фирмата изведувач, со цел во тек на реализацијата да се избира секогаш правото и ефикасно решение, кое предизвикува најмалку проблеми“, стои во неговиот пост на Фејсбук.