сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Трогателна порака на Аријана Михајловиќ за првиот БОЖИЌ кој го слави без Синиша

Трогателна порака на Аријана Михајловиќ за првиот БОЖИЌ кој го слави без Синиша

Синиша Михајловиќ почина на 16-ти декември по тригодишна борба со леукемија. Погребан е во Рим на 19 декември, на ден Свети Никола.

Досега сите членови на неговото семејство објавуваа емотивни пораки на социјалните мрежи, а вчера на Божиќ сите ги расплака неговата сопруга Аријана со објава на Инстаграм.

-Тежок е првиот Божиќ по губењето на некого. Не би го прославиле, но го правите тоа поради децата. Поради семејството. Ќе боли. Еве кои подароци нема да мора да ги купувате оваа година. Празен стол. Спомени од минатите прослави. Гласот што не го слушаш. Ќе биде тешко, но ќе го пребродите. Можеби среде тие солзи ќе ти дојде мала насмевка на лицето. Нема ништо лошо во тоа. Бидете благодарни за прославите што ги имавте заедно. Започнете нова традиција во негово сеќавање и секогаш ќе се сеќавате на љубовта што постоела, напишала Аријана.

По оваа емотивна порака која ги расплака сите, Аријана сподели фотографија на која се гледа елка и потврди дека решила да го прослави Божиќ заради своите деца и внуци.

Да потсетиме, Синиша и Аријана беа во брак 26 години, а за само една година се запознаа, се заљубија и се венчаа.

Најнови вести