вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

ЕВН Македонија известува дека поради технички зафати во мрежата, без електрична енергија на ден 28.12.2022 година (среда) ке останат следниве потрошувачи:

– од 08.30 – 12.00 часот жителите од селата: Мршевци, Ајватовци, Бујковци и Бунараџик – (о. Илинден) и с. Грушино – (о. Арачиново);
– од 08.30 – 16.00 часот ул. Тодор Чангов подулици 41, 43, 45 и 47 (о. Аеродром);
– од 09.00 – 13.00 часот дел од ул. Славка Динкова (о. Кисела Вода);
– од 09.00 – 14.30 часот дел од ул. 20 во с. Сарај (о. Сарај);
– од 09.00 – 15.00 часот дел од корисниците од ул. Козле околу број 81 (о. Карпош);
– од 10.00 – 12.30 часот зграда бр. 119 – влез трети на бул. Партизански Одреди (о. Карпош) и
* во време од 10.00 – 13.00 часот корисниците од ул. Лука Геров бр. 48, дел од влез 2 (о. Ѓорче Петров).