понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Новогодишна бајка во училиштето „Григор Прличев“ во Железара (ФОТО)

Новогодишна бајка во училиштето „Григор Прличев“ во Железара (ФОТО)

Дедомразовци, нвогодишни подароци, елки и снешковци нацртаа на прозорците ученици и вработени во основното училиште „Григор Прличев“ во населбата Железара. Училишниот хол го краси огромна елка, на која има лампиони кои рачно ги изработија вредните ученици. Нивната креативност беше причина училиштето да биде прогласено за најубаво украсено училиште во Гази Баба, од вкупно 11 училишта во оваа општина.

Ваучерот за најубаво новогодишно украсено училиште ѝ го додели градоначалникот Бобан Стефковски на директорката Александра Петковска Анастасов.

„Училиштето го разубавија наши ученици и вработени. Идејата за новогодишно украсување произлезе од комисијата за јавна дејност. Учениците изработуваа и лампиони, а најубавите беа украсени на нашата елка. Се надевам дека оваа награда ќе биде поттик и мотив во иднина да бидеме уште покреативни“, вели директорката Петковска Анастасов.

Новогодишната магија во училиштето продолжува. Во петок, родителите ќе имаат можност да погледнат и новогодишна претстава, подготвена од учениците во училиштето и нивните наставници.