четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Кои работи треба да ги фрлите за да ви тргне во 2023 година?

Кои работи треба да ги фрлите за да ви тргне во 2023 година?

Експертка за мода и убавина советува од кои работи треба да се ослободите, а што треба да направите пред Нова година.

За многумина Новата година значи носење нови одлуки, промени во животот и љубовта, како и начини на размислување, но и фрлање стари работи за да го дочекате 1 јануари растеретено и ново.

Експертка за мода и убавина откри од кои работи треба да се ослободите пред да зачекорите во новата 2023 година.

Прва точка на нејзината листа е старата долна облека.

„Број еден е да се ослободите од старите гаќички, градници и чорапи, особено од оние со дупчиња“, рече таа и додаде дека во новата година не треба да влегувате во стари и искинати работи. Потоа, на второ место беше чистење на куќата, поточно бришење прашина.

„Ослободете се од производите за нега на кожа и шминката на кои им е истечен рокот“, истакна таа како трета ставка, а потоа додаде нешто што ќе биде корисно за многумина, особено за нов деловен ангажман или работа, а тоа е ажурирање на работната биографија, односно CV .

На четврто место е преуредување на домот, поточно нов распоред на мебелот што на собата ќе ѝ даде нов изглед, барем визуелно. Според овој експерт, не е на одмет да се премести креветот или мебелот и да се преуреди ентериерот.

„Поправете нешто што рековте дека ќе го поправите, бидејќи сте го оставиле непоправено цела година. Сигурно не сакате да влезете во новата година со расклатена врата, паднат корниз или излупени прагови“, вели таа.