Јелена Карлеуша за прославата на Новата година одбра несекојдневен стајлинг кој се уште се зборува низ целиот регион, а сега откри и колкав хонорар земала таа ноќ.
Пејачката во една изјава за српските медиуми прво се осврна на разводот со Душко Тошиќ за кој кажа дека штом ја оженил и со неа има две деца, значи имал намера да го направи тоа и ја сакал, а веднаш потоа ги пресече новинарите и изјави дека сака повеќе да зборува за неа и нејзините настапи.
Откако потоа беше запрашана за нејзиниот хонорар таа даде изјава која ги шокираше многумина.
View this post on Instagram
-Мојот хонорар е беден. Просто можете да ме нарекувате „хуманитарна организација“, вели таа.
Потоа изјави дека нејзините нови колеги се занимаваат на аматерски начин со оваа професија затоа многу малку траат.
-Песните после една недела вртење ги снемува и тие веќе не постојат, изјави таа.