недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Стојанов: Во Неготино се уредува паркова површина во вредност од 11 милиони денари

Стојанов: Во Неготино се уредува паркова површина во вредност од 11 милиони денари

Паркова површина се уредува во населбата Саат кула. Самиот парк е обезбеден преку гранична соработка со Република Грција и проектот WINE UP за обезбедување на винскиот и локалниот туризам во општина Неготино, истакна денеска градоначалникот Горан Стојанов.

Посочи дека целиот проект е некаде околу 11 милиони денари од кои уредувањето е 6 милиони денари, а останатите ќе бидат употребени преку разни проекти за издржливи вработувања за промоција на локалниот вински туризам во општина Неготино.

-Исто така преку овој проект ќе обезбедиме и дополнителни три вработувања кои ќе бидат и во јавниот и во приватниот сектор, така да се надеваме дека ќе биде една добра работа за самите граѓани за општина Неготино, истакна градоначалникот.