четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утринава откажани два лета поради магла од скопскиот аеродром

Утринава откажани два лета поради магла од скопскиот аеродром

Два лета биле откажани од 8:30 часот утринава на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла.

-Очекуваме подобрување на временските услови после 12 часот напладне. За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време, како што ги добиваме во нашите системи, информираат од ТАВ Македонија.

За итни информации, патниците можат да се јават на Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333”

Најнови вести