По речиси еден час расправа, Собранието попладнево го усвои дневниот ред на 53. седница на чиј дневен ред се и измените на Изборниот законик за избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК) по скратена постапка, но спикерот Талат Џафери, по само неколку поминати точки, ја презакажа за утре.
Причината за одложувањето на седницата, како што рече, е претстојната лидерска средба закажана за денеска во 18 часот.
Собраниската седница за изборниот законик за ДИК требаше да продолжи денеска, откако вчера не можеше да се изгласа дневниот ред, но беше одложена за 15 часот поради немање кворум.
Дневниот ред вчера не се изгласа зашто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да го одолговлечат почетокот на расправата откако владејачкото мнозинство ја изгласа потребата за носење изборен законик по скратена постапка за изборот на ДИК.
МИА