Решиле дека самите ќе носат закони како што сакаат, самите ќе ги потпишуваат, дека нема потреба да излегуваат во службен весник, дека самите ќе потпишуваат меѓународни договори без да ги прашаат другите и се ќе прават што сакаат. На секој чекор со секоја ваша постапка се трудите да ја исклучите опозицијата. Ова е режим, потенцираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски на денешната собраниска седница.
– Колегите од СДСМ зедоа пример од една влада во триесеттите години на минатиот век во Германија која што одлучи да најде начин како вие што правите сега, комплетно да се исклучи и опозицијата и сите неистомисленици и сите законски акти за да ги спроведат своите лични цели, вели Манојлоски.
Тој посочи дека од Собранието прават акционерско друштво на Талат и Тунтев и не им треба ниту Устав ниту Деловник за работа, бидејќи не ја слушаат опозицијата и самите си прават тоа што сакаат. Додава дека во моментов тие правата преседан кој ќе се повторува и понатаму.
– Ако сакате соработка, инклузивност на опозицијата, треба да го слушните гласот на опозицијата. Очигледно дека ве заслепе моќта на власта. Немате никаков слух на барањата на другите ништо не се почитува, истакна Манојлоски.